За време на викендот, на подрачјето на СВР Скопје беше реализирана акциска сообраќајна контрола при што беа санкционирани 229 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
Кај 48 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 31 лице управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 23 возачи, кај 14 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, пет возачи управувале возила со над дозволената брзина од кои три возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место.
Исто така, изречен е по еден прекршок за некористење сигурносен појас и за непрописно престројување пред крстосница, 12 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 18 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 37 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, и за недавање првенство на минување на пешаци се изречени четири прекршоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


