| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов денеска ја посети Битола

ivanov1

Претседателот Иванов денеска е во посета на Битола, при што го посети централниот пазар во градот, каде што оствари средба со граѓани.

На средбата со претседателот Иванов, занаетчиите и продавачите на земјоделски производи изразија задоволство од активностите на локалната самоуправа за обезбедување современ и модерен пазар, односно поставувањето нов покрив, нова инфраструктура и 100 нови стандардизирани тезги. Воедно, посочија дека субвенциите од страна на Владата поттикнуваат сѐ повеќе жители од околината на Битола да се занимаваат со земјоделство.

Локалните власти истакнаа дека во иднина ќе бидат решени и проблемите за паркирање и пристапните патишта до централниот пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top