| четврток, 6 декември 2018 |

Трет ден ни трага од авионот- „Воздухопловна мистерија без преседан“

map malaysia airlines

Мапа на летот на Малезија Ерлајнс

Исчезнувањето на малезискиот авион е „воздухопловна мистерија без преседан“, смета заменик-директорот на Малезиската цивилна воздухопловна служба, Азхарудин Абдул Рахман.  Рахман истакна дека киднапирањето не може да се исклучи додека со истрагата не се елиминираат сите можности за исчезнување на авионот на компанијата „Малезија Ерлајн“ од летот МХ370.

Иако во тек е сеопфатна потрага по авионот од воздух и во море, ниту трет ден откако исчезна, сè уште не е пронајдена ниту трага од леталото и 239-те патници и членови на екипажот од летот Куала Лумпур-Пекинг.

vratata od avionot

Фотографија на објектот кој се мислеше дека е авионска врата

– За жал не пронајдовме што било што изгледа како предмети од авионот. Што се однесува до нас, мораме да го пронајдеме леталото, мораме да најдеме барем дел од него, доколку тоа е можно – изјави Рахман.

Десетици бродови и авиони од седум земји крстарат по морето околу брегот на Малезија и јужно од Виетнам, паралелно со разгледување на прашањето за можните безбедносни пропусти, бомба или киднапирање.

Авионот исчезна во раните утрински часови во саботата, околу еден час по полетувањето од аеродромот во Куала Лумпур, откако постигна височина од 10.670 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top