Кинескиот претседател Сји Ѓинпинг во телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел побарал да се најде политичко решение за кризата во Украина и да се смири ситуацијата.
– Состојбата во Украина е екстремно комплицирана и најважно за двете страни е да останат мирни и да се воздржат од нагли потези, со цел да се избегне ескалацијата на тензиите – му изјавил Сји на Обама, објави кинеското министерство за надворешни работи, пишува „Гардијан“.
Според Сји, решението на кризата мора да се бара по политички и дипломатски пат. За Сји, Меркел е „исклучително чувствителна и треба внимателно да се повлекуваат потезите“.
Меркел во неделата му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека референдумот за отцепување на Крим, кој Москва го поддржува, е противзаконски и противуставен.
Меркел ја објасни ситуацијата во Украина и ги истакнала напорите, за да дојде до политичко решение на судирите, пишува во во соопштението на германската канцеларка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.