Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, освои 100 проценти од гласовите на првите парламентарни избори одржани во земјата. Правото на глас го искористиле сите граѓани од избирачкиот список, јавуваат севернокорејските медиуми.
Ким Јонг Ун, кој е носител на низа највисоки титули во земјата, вклучувајќи ги и врховен командант на вооружените сили на Северна Кореjа и претседател на Комисијата за одбрана, сега стана и пратеник во Врховното народно собрание.
„Сите гласачи во изборната единица број 111 гласаа, а 100 проценти од нив својот глас го дадоа за Ким Jонг Ун. Тоа претставува израз на апсолутна поддршка и доверба во врховниот лидер Ким Јонг Ун, со оглед на тоа што сите до еден му изразија лојалност”, објави државната севернокорејска новинска агенција КЦАН.
Граѓаните на Северна Кореја вчера гласаа на парламентарните избори, кои се први откако во декември 2011 година актуелниот лидер Ким Џонг Ун го наследи својот татко, Ким Jонг Ил.
Во секоја од 687 изборни единици имало по еден кандидат, па гласачите можеле само да напишат „да“ покрај името на кандидатот на гласачкото ливче.
Изборите за Врховното народно собрание се одржуваат секоја петта година, а таа институција заседава двапати годишно за да го одобри буџетот или други одлуки што ги донела владејачката Работничка партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Двојниците на Трамп и Ким Јонг Ун ги шокираа минувачите во Сингапур (видео)
-
Што се крчка на исток: Кина одби да потврди дали Ким Јонг Ун допатува во Пекинг (видео)
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Последната вечера на генералот: Ким го погуби најмоќниот човек во државата