| четврток, 6 декември 2018 |

Лејкерс конечно победија, Мајами и Индијана редат порази

Лос Анџелес лејкерс направија изненадување со победа против фаворит Оклахома тандерс и славеа победа од 114-110, со што им приредија малку радост на навивачите во катастрофалната сезона за нив во НБА.

Шоу-тајм што е симбол за тимот од Ел-еј, имаше Џоди Микс со рекордни во кариерата 42 поени. Оклахома предводена од Кевин Дурент, кој прокнижи трипл-дабл од 27 поени, 12 скока и 10 асистенции, во финишот ја стопи предноста на домаќините од десетина разлика, се приближи на 3 поени, но Лејкерс се одбранија и победија.

Одличен меч одигра и Џејмс Харден од Хјустон со 41 поени против Портланд, а ракетите по едно продолжение победија со 118-113. Расположен беше и Џереми Лин со 27 поени, а еден повеќе од него во поразениот состав забележа Олдриџ.

Порази претрпеа шампионот Мајами од Чикаго, исто така по едно продолжение и Индијана од Далас. За Мајами тоа е трт пораз во серија, а еден повеќе имаат Пејсерс.

Резултати: Чикаго – Мајами 95-88(по продолжение), ЛА Лејкерс – Оклахома 114-110, Хјустон – Портланд 118-113 (п.), Минесота – Торонто 97-105, Далас – Индијана 105-94, Голден стејт – Феникс 113-107,  Бостон – Детроит 118-111, Њу Орлеанс – Денвер 111-107, Бруклин – Сакраменто 104-89.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top