Фудбалерите на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабе“ ја совлада екипата на Леванте со резултат 3-0 во 27. коло во шпанската Примера.
Реал сега има три бода повеќе од Атлетико и четири повеќе од Барселона, која ќе ја пречека на 23 март во „Ел класико“, кое, најверојатно, би требало да го реши прашањето околу шампионот.
Стрелци за Реал беа Кристијано Роналдо во 11. минута, Марсело во 49. минута по асистенција на Роналдо зголеми на 2-0, а конечниот резултат го постави Карабелас со автогол во 81. минута.
Гостите натпреварот го завршија со десет играчи, откако во 64. минута Наваро заработи директен црвен картон поради стартот над Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.