| четврток, 6 декември 2018 |

Стартува Глобалната недела на пари

berza

Координациското тело на регулаторните институции во Македонија за финансиска едукација во соработка со Македонската берза АД Скопје, ќе ја одбележи Глобалната недела на пари.

Преку симболично означување на тргувањето со удирање на звоното во Македонската берза од страна на најдобриот ученик во Средното Економско-правно училиште ,,Васил Антевски –Дрен“ од Скопје денеска ќе започне Глобалната недела на пари во нашата земја.

Пред присутните ученици во Македонската берза, обраќање ќе имаат  Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје,  Димитар Богов, Гувернер на Народната банка на Република Македонија, Зоран Ставрески, Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии.

На учениците во Македонската берза ќе им се овозможи да тргуваат на Виртуелната берза, а оној кој по еден месец тргување ќе постигне најдобар резултат ќе добие награда-бесплатна обука за принципите на пазарите на капитал.

Овој настан е дел од активностите што Координациското тело за финансиска едукација  во кое членуваат: Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги презема како дел од светската недела на пари, која пак е во организација на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади. Оваа година Глобалната недела на пари се одржува од 10 до 17 март,  а  учество ќе земат околу 2 милиони деца од над 100 земји во светот. Сите тие ќе се вклучат во активностите кои ќе бидат организирани од над 500 институции и организации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top