Ќерките на саудискиот крал Абдула, принцезите Сахар (42) и Џавахар (38) откриле дека заедно со други две нивни сестри Хала (39) и Маха (41) веќе 13 години живеат во заточеништво во кралската палата во Џеда.
Животот на кралското семејство во Саудиска Арабија се држи во строга тајност за надворешниот свет, но овој случај, како што тврдат принцезите , ги преминува сите граници дури и на саудиските закони.
Саудиска Арабија е единствена држава на светот во која жените имаат забрана да возат автомобил, а по полова рамноправност се на 13.0 место од 134 држави анализирани од Светскиот економски форум.
Во е-пошта и во телефонските разговори со редакцијата на „Сандеј тајмс“, принцезите навеле дека четирите сестри се затворени во одвоени вили во дворскиот комплекс во Џеда, а нивната мајка Алануд Алфајез, која веќе не живее со кралот, наводно, се обратила за помош до Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.