Новата недела ја почнуваме со осетно заладување, а локално и со со слаб снег. Сепак, делеку од тоа дека се работи за сериозни врнежи од снег. Снегот во текот на попладнето ќе има само малку позначителен интензитет во осоговско-малешевскиот регион, како и во полошкиот регион. Слаб снег во текот на вечерта е можен и во поголем дел од котлините во северната половина од земјата, како и во Пелагонија и охридско-преспанскиот регион. Позначителен снег во текот на денот ќе има на планините.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност во границите меѓу 6 Целзиусови степени и 9 Целзиусови степени во поголем дел од населените места. Само малку потопло, до максимални 11 Целзиусови степени, ќе биде во гевгелискиот регион.
Во Скопје се очекува облачно време со можност за повремен слаб дожд, со можност во вечерните часови да премине во слаб снег. Минималната температура ќе има вредност околу 0 Целзиусови степени, а максималната околу 9 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.