| четврток, 6 декември 2018 |

Работи мобилниот на еден од патниците на исчезнатиот малезиски авион

Мобилниот телефон на еден од кинеските патници од авионот на малезиската компанија „Malaysia Airlines” кој исчезна од радарите во петокот навечер, сѐ уште е активен, а неговиот брат неколкупати го вртел бројот, пишува во неделата на The Sunday Times. Виетнамските спасители соопштија дека најверојатно пронашле дел од исчезнатиот авион „Boeing-777-200″ во зоната на пребарување во Јужното Кинеско Море, а малезиските власти ја проверуваат верзијата за терористички напад. Видео снимката на којашто е снимен маж кој го врти телефонскиот број на својот постар брат беше емитувана на една телевизија во Пекинг. Повикот трае, но никој не се јавува од другата страна. Потоа следат уште два повика, кои исто така остануваат без одговор.

Инаку роднините на патникот во исчезнатиот авион, од компанијата „Malaysia Airlines” побараа да ја користи сателитската технологија за пресретнување на сигналите на мобилните телефони, додека сѐ уште е активна батеријата на неговиот телефон.

Управата за цивилно воздухопловство на Виетнам соопшти дека воените авиони забележале останки во морето за кои се верува дека се од исчезнатиот авион. Истовремено, претставници на управата изјавија дека не се во моќноста потполно да ги идентификуваат објектите поради слабата светлина.

Претходно во неделата група сингапурски спасувачи, коишто се вклучени во меѓународната спасувачка операција во Јужното Кинеско Море, соопштија дека пронашле остатоци кои најверојатно потекнуваат од малезискиот „Boeing-777-200″ и за тоа ги информирале виетнамските спасувачи.

Во потрагата по исчезнатото летало во моментов се вклучени 13 авиони и 29 бродови од Малезија, Кина, Филипини, Сингапур и Виетнам. Aмериканското министерство за одбрана објави во саботата дека разурнувачот „Pinckney” се упатил кон јужниот брег на Виетнам, каде што ќе земе учество во потрагата по остатоците од авионот и спасувачката операција, бидејќи во неговиот состав се и два спасувачки хеликоптера. Како што се очекува, бродот ќе доплови до локацијата на којашто последен пат авионот бил на врска подоцна во неделата. На местото каде што исчезнал малезискиот авион треба да долета и извидувачкиот авион „P-3C Orion” од составот на вооружените сили на САД.

Малезиските власти во неделата отворија дело во врска со исчезнувањето на авионот, и притоа ја проверуваат можноста за терористички напад во авионот.

Во саботата при објавувањето на листата со патници се дозна дека двајца патници се качиле во авионот со туѓи пасоши. Притоа, истрагата покажа дека двајцата несудени патници на линијата претходно пријавиле дека нивните пасоши ги снемало на Тајланд. Првичните сознанија се дека двајца патници на летот 370 од Куала Лумпур за Пекинг ги истовремено ги купиле билетите со исчезнатите пасоши.

Така, 37-годишниот Италијанец Луиџи Маларди, чие име и број на пасош беа објавени на листата со патници, му се јавил на татко си во Италија од Тајланд за да му каже дека е жив и здрав и дека некој го искористил неговиот пасош украден во градот Пхукета пред неколку месеци. Истото се случило и со Австриецот Кристиан Козел, имено неидентификувано лице се регистрирало за летот на исчезнатиот авион со неговиот пасош кој бил украден на Тајланд уште во 2012 година. Министерството за надворешни работи на Австрија потврди дека лицето објавено на листата со патници од исчезнатиот авион се наоѓа во својот дом во татковината.

Претходно во неделата министерот за одбрана и за транспорт на Малезија, Хисамудин Хусеин изјави дека се проверуваат идентитетите на најмалку четворица патници, како и дека на истрагата се приклучила е екипа специјалисти на американското Федерално истражно ниво FBI, Малезиските власти, исто така, објавија дека побарале помош под повеќе странски разузнавачки агенции.

Авионот на малезискиот нaционален авиопревозник MAS со 227 патници и 12 членови на екипажот, полета од малезиската престолнина Куала Лумпур кон кинеската Пекинг два часа по полетување, околу 2.40 часот наутро, по 20 часот во петокот по македонско време, кога се наоѓал на Јужното Кинеско Море. Малезиските воздухопловни власти истакнаа дека во времето на прекинот на врската со леталото чиј екипаж дотогаш не пријавил никакви проблеми, временските прилики биле добри.

Од „Malaysia Airlines” потврдија во меѓувреме дека на листата на патниците 154 се од Кина и Тајван, 38 се Малезијци, седум се Индонезијци, шест Австралијци, Пет Индијци, четворица Французи, тројца Американци, по двајца од Нов Зеланд, Канада и Украина, и по еден државјанин на Русија, Холандија, Австрија и Италија.

„Malaysia Airlines” е една од најголемите воздухопловни компании во Азија, со дневен обем на превезени патници од 37 илјади на 80 дестинации. Во повеќе од две децении „Boeing 777-200″сегашната серија авиони на компанијата само еднаш доживеал несреќа, кога на 6-ти јули 2013 година ја промаши пистата при што загинаа три ученички, а повеќе од 80 патници беа хоспитализирани. Најголемата несреќа во историјата на компанијата „Malaysia Airlines” се случи во 1977 година кога во јужната малезиска сојузна дражва Џохор поради истрели во пилотската кабина се урна авионот од типот „Boeing 737-2H6″ при што загинаа сите 93 патници и седумте членови на екипажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top