| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Италија: Албанка си ги убила трите ќерки

Албанка во Италија е уапсена откако признала дека со нож ги убила своите три ќерки стари 14, 10 и 3 години. Телата на девојчињата биле пронајдени во семејниот стан во местото Леќо на езерото Комо во Ломбардија.

Жената неодамна се развела од мажот, кој исто така е Албанец, а истата е пронајдена како се шета на улица во шок и со рани на рацете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top