Организаторот на концертот на Здравко Чолиќ, „Гуливер Милс“, соопшти дека поради големиот интерес за концертот на 31 мај, наскоро почнува продажбата на влезниците.
-Интересен подадок, кој веруваме дека особено ќе ги израдува фановите на Чола, е тоа што со секоја купена влезница ќе следува најновиот студиски албум на легендата на екс ју музичката сцена, насловен „Ватра и барут“. Колку за потсетување новиот материјал содржи 12 нови композиции, зад кои како автори се потпишуваат Бајага, Марина Туцаковиќ, Антонија Шола, самиот Чола…, а куриозитет е гостувањето на нашиот музички гениј, виртуозот на гитара Влатко Стефановски, кој со своите гитарски бравури ја обои токму насловната „Ватра и Барут“, велат оттаму.
Во исчекување на гостувањето на Чолиќ во Скопје и концертната промоција на албумот „Ватра и барут“ Чола за фановите подготви нови видео изненадувања. Така, првиот видеоспот е за нумерата “Што ти дадох”, која за рекордно време стана хит ширум регионот, а всушност е романтичната приказна за љубовта. Веќе следниот е за „Есма“ и е романтично патување со воз на едно момче кое тргнало на средба со саканата. Кадрите се снимени во воз на белградската железничка станица, на Мокра Гора и на Петроварадинската тврдина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.