| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозен оглас: Стратешкиот украински бомбардер се продава на „еBay“ за 3 милиони долари

Потенцијалните купувачи имаа можност да наддаваат за „Тупољев“ ТУ-95, стратешки бомбардер од времето на Студената војна, кој кусо време се појаво на „e bay“ и почетна цена беше 3 милиони долари. Како што пренесува порталот „Авиатионис“ кој објавува вести од воздухополовството, продавачите навеле дека бомбардерот се наоѓа во Украина, а расклопен може да го испратат во простаништето на Одеса. Подоцна огласот без објаснување беше повлечен, а претходно се појавија тројца потенцијални купувачи, од кои еден нудеше 5 милиони долари.

На фотографијата која беше објавена на огласот се гледаат траги од натпиди на соверското и украинското воздухопловство. Иако, украинското воздухопловство не ги користи овие бомбардери, по распадот на СССР во нејзина сопственот останаат 25 од овие авиони, кои биле користени како поморски патролни авиони или како стратешки бомбардери. Сите 25 беа предвидени за „пензионирање“ со стратешкиот договор за разоружување „СТАРТ 1“.

Во 2000-та година , Украина со 11 вакви авиони и 600 ракети и го плати долгот за гас на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top