„Знам те пушко кад си пиштољ била (Те знам пушко кога пиштол беше)“.
Оваа модерна српска изрека, применета на последната колумна „Занемарување“ познатиот професор на Правниот факултет, поранешен министер за внатрешни и надворешни работи и несуден претседател на Македонија, Љубомир Фрчкоски дава слика на човек кој буквално сите свои ставови и дела за последниве години ги негира и ги врти наопаку.
Колумната, како читателите можат и сами да видат, е невиден излив на љубов на источниот сосед (односно критика на македонската власт што дозволила Бугарија да не блокира во евроинтерграциите), што всушност не мора да биде проблем.
Но, кога вакви зборови доаѓаат од Фрчкоски, работатата добива комични димензии. Натаму нема да коментираме туку само ќе потсетиме на фактите од минатото за Фрчкоски, следејќи ја погоре спомената изрека.
Фрчкоски беше еден од главните плукачи на Бугарија, но на еден дискретен начин.
-Токму Фрчкоски за атентатот на Киро Глигоров, го посочи бугарскиот „Мултигруп“ во 1996 година, без притоа да приложи никаков доказ за тоа.
-Заедно со Тито Петковски беше главниот заговарач во лепење етикети на ВМРО-ДПМНЕ од 90-тите како пробугарска партија. Фрчкоски сега во колумната вели: „Нашите ВМРО партии се повеќе про-српски од очекуваната про-бугарска линија“.
-Фрчкоски како еден од најдолговечните министри за внатрешни работи под чија надлежност беше и УБК ја продолжи практиката (од претходниот комунистички систем) на следење на членови на ВМРО по т.н ВМ-линија (ванчомихајловистичка линија). Една од тие жртви е и некогашниот член и финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, Јордан Петровски, кој поради малтретирањата во 2000 година замина од Македонија, добивајќи азил во Канада токму со досието на МВР и УБК под команда на Фрчкоски. Сега Фрчкоски вели: „Наспроти постоењето на задушливите националистички, полициско-исторически кругови, кои ја имаа монополизирано темата Македонија кај Бугарите и ја повторуваа идентитетската закана кон нас, тие не доминираа со бугарската политика кон нас сиве овие години“.
-Фрчкоски како министер беше најодговрен за атентатот на Глигоров. Неколку месеци по атентатот тој се криеше во јавноста за потоа да поднесе оставка. Неговиот шеф Црвенковси не ја прифати оставката, а подоцна го постави за министер за надворешни работи. Фрчкоски денес се исмејува со политиката на еквидистанца на Глигоров: „ Ние напротив нив ги извлекувавме и медиумски ги пренагласувавме сакајќи да покажеме (во смешните политики на еквидистанци, скепса и затвореност) дека имаме сомнителен, неискрен сосед во Бугарија. Тоа беше резултат и на нашата, македонска ископлексираност и несигурност, традиционална дистанца од Бугарија како инерција на српското влијание долж СФРЈ, но сè заедно ни нанесе сериозна штета,“, токму ова го пишува Фрчкоски денес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



