| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ не издржа долго – ќе ја прифатат победата на Иванов

Демократската Унија за интеграција денеска преку својот висок партиски претставник Муса Џафери индиректно призна дека згрешиле со притисокот за консезуален кандидат за претседател и најави дека ќе ја почитува одлуката на граѓаните при изборот на Иванов на старо нов претседател.

Од таму нема коментар дали ДУИ ги добиле резулатите од последните партиски анкети кои што покажуваат дека Иванов може да биде избран без Албанските партии само од македонски гласови или сами увиделе дека направиле политичка грешка при обидот да наметнат свој кандидат за претседател.

Во интервју за радиото  „Слободна европа“ на македонски јазик Џафери вели дека земјата нема да се соочи со криза ако Иванов биде избран за претседател.

„Јас не би се согласил дека со тоа може да се влезе во криза, далеку е од тоа. Ние имаме наш многу транспарентен став за функцијата претседател на државата или за консензуалниот модел. Граѓаните ќе покажат кој кандидат ќе се избере преку изборите, шпекулативно би било кој ќе биде поприфатлив. Јас очекувам, според нашата пракса, партиските гласачи да одлучат кој ќе биде идниот претседател на држават“, изјавил Џафери.

Со тоа ДУИ и покрај политичките маневри призна дека граѓаните а не партиите се тие што на крајот ќе одлучат кој треба да ја води државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top