Рускиот претседател Владимир Путин во денешниот телефонски разговор со британскиот премиер Дејвид Камерон и германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека се што презеле властите на Крим е во согласност со меѓународното право, соопшти Кремљ.
„Путин посебно истакна дека чекорите кои ги презеле легитимните кримски власти се во согласност со меѓународното право и имаат за цел спроведување на легитимните интереси на жителите на Крим“, се наведува во соопштението од Кремљ.
Тој на своите соговорници им порачал дека актуелните власти во Киев не прават ништо за да го запрат „дивеењето“ на ултранационалистите и радикалните сили во украинската престолнина и други области на земјата.
И покрај разликите во гледањето на ситуацијата во Украина, и Путин и Меркел се согласуваат дека во заеднички интерес е смирување на тензиите и нормализација на ситуацијата што е можно побрзо.
Во соопштението уште се наведува дека лидерите размениле ставови за тоа што меѓународната заедница може да направи за ситуацијата во Украина да се нормализира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Петте работи што не ги знаевте за Ангела Меркел
-
Брза географија: „Канал 5“ ја најави „американската канцеларка Меркел“ (ВИДЕО)