| четврток, 6 декември 2018 |

Утре ќе биде уште постудено

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат со умерен интезитет и повеќе ќе бидат застапени во попладневните и вечерните часови. Ќе дува умерен, а повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник повремени врнежи од снег се очекуваат и на некои пониски места.

Температурата ќе се движи од еден  до девет степени. Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со температура до шест степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top