Македонија конечно ја доби својата прва жена со титулата „Жена со стил”, на настанот кој по повод Меѓународниот ден на жената се одржа во „Сити мол“ во Скопје. Организаторите велат дека проектот имаше за цел да ги предизвика жените, што помасовно да се пријавуваат за учество на овој натпревар и покажат што е она што е различно на нив, од она што го носат останатите.
–Кога велиме стил, покрај начинот на облекување, тука спаѓа и начинот на однесување и бранење на својот стил и стилски карактеристики. Токму затоа, нашето стручно жири составено од Дадар, Сретен Костиќ и Сергеј Варошлија им поставуваше прашања на кандидатките преку кои ги извлече дополнителните суштински карактеристи потребни за да донесат одлука во интерес на сите пријавени. Беа поставени голем број прашања, кандидатките ги одговараа во согласност со нивниот начин на живот и размислувања, но сепак, само една можеше да го понесе приматот „Жена со стил”, велат тие.
-Ние вечерва имаме страшен проблем. Нам сите сте ни фаворитки број 1. Сепак мораме да се одлучиме за една која ќе биде прогласена за Жена со стил. На овој натпревар тоа е Инес Шабан!, изјави Сергеј Варошлија на самиот крај од натпреварот.
Покрај Инес, на барање на жири комисијата, за „Жена со стил“ беше прогласена и Антица Сашек како второ пласирана, додека пак третото место на овој натпревар и припадна на Теодора Крстевска.
Победничката на овој натпрвар добива вредносни ваучери од Скопје Сити Мол, во износ доволен за да креира 8 различни комбинации, т.е. онолку колку што беше потребно за да се облечат сите 8 кандидатки. Антица Сашек и Теодора Крстевска се добитнички на пакет услуги од Мое Студио – Дадар, Студио Сергеј како и Студио Арт – Сретен Костиќ.
Овој натпревар на предлог на сите учесници и посетители на молот, добива тенденција да постане традиционален хепенинг на молот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.