| четврток, 6 декември 2018 |

Во Севастопољ судири меѓу приврзаници на Киев и Москва

Во Севастопољ денеска избија судири меѓу приврзаниците на Москва и Киев од овој кримски град, каде жителите кои зборуваат украински ја прославуваа годишнината од раѓањето на Тарас Шевченко.

Crisis in Ukraine - Clashes

Според Би-Би-Си, група од околу 100 проруски активисти, со тупаници и камшици, нападнале 20-тина припадници на обезбедувањето на митингот во Севастопољ. Би-Би-Си дополнува дека некои од напаѓачите биле руски козаци на проукраинскиот митинг, на кој имало околу 200 лица.

Насобраните фрлале со се што им се наоѓало при рака врз автомобилите, со кои активистите се обиделе да побегнат од местото на настанот, кршејќи им ги прозорците на возилата.

Проруски демонстрации, исто така се одржани во градот во воената база на руската Црноморска флота, наведува Би-Би-Си.

Crisis in Ukraine - Pro-Russian rally in Sevastopol

Во Симферопољ, неколку илјади проруски ориентирани граѓани се собраа во центарот, во знак на поддршка на припојување кон Русија, јави ИТАР-ТАСС.

– Живееме во историски момент, бидејќи на референдумот на 16 март ќе се постави прашањето за кого е Крим, а Криз е за Русија, изјави премиерот на Автономната република Крим Сергеј Аксјонов на собирот, и на насобраните им се заблагодари што „стојат раме до рамо за истата цел“.

Crisis in Ukraine - Pro-Russia rally

Од говорницата се обратија и локалните лидери, чии говори често беа прекинувани од скандирањата на насобраните со извиците „Русија, Русија“ и вееја знамиња на Руската Федерација и на Крим, јавува Б92. Слични собири се одржани и во Севастопољ, Евпаториј и Керч.

Инаку, масовни собири за поддршка на Украинците и на Русите кои живеат во прорускиот дел на Украина, најавени се и за вечерва и за утре. Организаторите најавуваат околу 30.000 учесници.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top