| четврток, 6 декември 2018 |

Кики Лесендриќ: Скопјани немој да сте лути и тажни, ќе имате најубав концерт годинава

POSTER KONCERT 14 MART

 

По објавувањето на веста дека концертот на Кики Лесендриќ, Пилоти и ѕвездите од Х Фактор е откажан, односно одложен за во мај, се огласи Кики, кој е актуелен по неговото учество во жири-комисијата на овогодинешниот Икс фактор.

-Драги Скопјани, концертот закажан за 14 март е откажан поради белградското финале во Арена на Х Фактор, и поради натпреварувачите кои треба да се подготвуваат. Се променија датумите и се променија датумите на турнејата. Па се одлучивме, бидејќи Македонија ни ја даде најголемата поддршка, мислам дека заслужува да има најголем концерт на крајот на нашата Х Фактор турнеја, во мај, на стадионот во вашиот убав град. Ќе имате можност да го видите најголемиот спектакл кој ќе се случи оваа година. Затоа немојте да бидете лути, ни тажни, ќе имате можност да го видите најубавиот концерт оваа година – вели Кики

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top