Специјално, за денот на вљубените, 14-ти февруари, Македонската филхармонија вечерва ќе одржи концерт под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар на кој ќе се изведат најубавите љубовни песна од Френк Синатра, Дин Мартин, „Роксет“, „Битлси“, „Квин“… Ќе има џез и блуз композиции кои ќе бидат изведена во оркестарска верзија.
Дел од композициите ќе прозвучат со вокалот на истакнатиот египетски џез и естраден музичар Ахмед Харфуш, кој активно настапува како солист и дел од неговиот џез бенд.
Концертот ќе се одржи во Салонот на Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



