
Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава против 39-годишниот А.М поради соменение дека извршил четири кривични дела и тоа две „затајување“ и две „употреба на исправа со невистинита содржина“ стекнувајќи се со противправна имотна корист од 2.390.500 денари.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пријавениот во периодот од 24-ти до 26-ти минатиот месец со подготвена лажна лична карта на име Игор Костов, од страна на негов пријател А.А., изнајмил две возила од две различни Рента кар компании. Од “Далас Кар“ од Скопје од изнајмил патничко мотороно возило марка „Форд Транзит“ за сума од 300 евра, како и возио„Голф 6“ од „Астра-Рента-Кар“ од Прилеп, подружница Астра Рента-Кар Скопје, за сума од 300 евра и за кои потпишувал Договори за наем на возило за користење во време трање од три дена.
Откако ги земал возилата потоа пријавениот ги препродал и тоа фордот во Гостивар за сума од 3.000 евра, а голфот во Битола за сума од 5.000 евра. Оригиналната сообраќајна дозвола и оригиналните регистерски таблици од возилото „Форд Транзит“ ги фрлил кај Сарај на мостот на река Вардар, а документите од „Голф 6“ (сообраќајна дозвола со невистинита содржина на име Костов Игор) како и личната карта со невистинита содржина исто така на име Костов Игор ги запалил на излез од Битола.
Пријавениот А.М. на неговиот пријател А.А. за услугата за направените документи со невистинита содржина во два наврати му исплатил вкупно 2.200 евра.
А.М. е познат сторител на кривични дела од областа на имотни деликти, против него се поднесени вкупно 18 кривични пријави и изречени му се вкупно 13 казни затвор и една условна осуда. Од страна на Судија во претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје


