| четврток, 6 декември 2018 |

Го пропуштила изчезнатиот авион, се спасила од сигурна смрт

Malaysia Airlines plane missing with 239 on board

Фотографија од аеродромот во Малезија (фото ЕПА)

Џесика Ји Ваи Чинг, студентка на пекиншкиот универзитет Чингхуа, за влакно избегнала смрт откако во го згрешила времето на полетување на авионот што вчера исчезна.  Чинг требало да биде во авионот Боингот 777, но мислела дека треба да дојде на аеродром во сабота навечер, а не во саботата наутро кога навистина полета авионот и потоа исчезна над морето.

– Ги помешав деновите. Мислев дека треба да бидам на аеродром во сабота вечер. Кога сфатив дека погрешив, брзо ги спакував куферите и се обидов да стигнам на аеродром. На патот до таму успеав да резервирам место на следниот лет, така што се откажав од тоа да се качам на летот МХ 370, кој уште можев да го стигнам – рече Џесика.

Подоцна прочитала за судбината на летот на кој требало и таа да биде.

-Одма ја повикав сестра ми и и реков дека требаше да бидам на тој лет. Некој и знаеја дека ќе патувам со тој лет. Тие кои знаеја цел ден ми се јавуваат и прашуваа дали сум жива – раскажува Џесика.

Среќна што преживеа, сепак сочувствува со семејствата на оние чии најмили биле на тој лет.

-Тоа е измешано чувство. Се чувствувам среќно што преживеав, но и грозно што знам дека толку луѓе беа на тој лет и дека сум можела да бидам една од нив. Верувам дека ми е дадена втора шанса. Тоа е судбина – рече таа.

Контролата на воздужниот сообраќај во Куала Лумпур изгубила контакт со авионот на Малезија Ерлајнс во кој се наоѓале 239 патници и членови на екипажот. Морнарицата пронајде траги од керозин во морето за кои се верува дека се од авионот. Ова би можело да биде најтешка несреќа со авионот Боинг 777.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top