| четврток, 6 декември 2018 |

Џафери: Со резиборт на Иванов Македонија нема да влезе во криза

musa dzaferi

– Не сметам дека со резиборот на Ѓорге Иванов за претседател на Македонуја може да се влезе во криза, далеку е од тоа. Ние имаме наш многу транспарентен став за функцијата претседател на државата или за консензуалниот модел. Граѓаните ќе покажат кој кандидат ќе се избере преку изборите, шпекулативно би било кој ќе биде поприфатлив. Јас очекувам, според нашата пракса, партиските гласачи да одлучат кој ќе биде идниот претседател на државата – вели вицепремиерот Муса Џафери во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој нагласува дека е демократско право да се нема кандидат за претседателските избори, како што направи неговата партија ДУИ.

– Тргнувајќи од досегашната пракса дека тој кандидат нема да успее, поради поделбите на гласачите, претежно по етничка линија или претежно по партиска линија и ние сме консеквентни кон нашиот предлог, ќе работиме и понатаму и мислиме дека тоа е добро за целата држава кога претседателот на државата ќе ги претставува сите преку некој консензус за кој на крај би гласале и граѓаните или зависно од дијалогот што би бил предмет на расправа на сите политички претставници на граѓаните, преку политичките партии, кој би бил крајниот модел за да личи како консензуален, кој хомогенизира како највисока функција во државата – вели Џафери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top