
Германската компанија „Маркард“ ќе почне со изградба на својот капацитет кај Велес во април или мај годинава. Планира да ја заврши изградбата до март следната година, а производството да почне во јуни 2015 година.
Ова го најавува во интервју менаџерот од корпорацијата Лудгер Шонекер, кој посочува дека клучен фактор за да инвестираат во Македонија било пријателското расположение кон бизнисот и искреноста кон инвеститорите.
– Разговаравме, додаде, и со други компании и скоро сите ни го кажаа истото, дека земјата поседува добра работна сила, хендикепот е недостатокот на искуство кај луѓето, но тие се мотивирани и добро образовани, така што ако се стават во позиција можат да ја извршат работата.
Инвестицијата е вредна 35 милиони евра, а се планираат вработувања на 500 до 600 лица во наредните четири до пет години.
Како што посочува Шонекер производите од капацитетот во Македоија ќе се испорачуваат до главната централа на компанијата во Германија, а од таму до нивните клиенти. Меѓу клинетите се Дајмлер, БМВ, Ауди, Фолксваген.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


