Вицепремиерот на Црна Гора Игор Лукшиќ денеска е во посета на Република Македонија. Посетата е на покана од министерот за надворешни работи, Никола Попоски. Црногорскиот министер ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, а ќе оствари средба и со премиерот Никола Груевски.
На средбите предвидено е да се дискутира околу билатералната соработка, со акцент на економијата и странските инвестиции. Соработката во рамки на европските и евроатланските процеси како и регионалната соработка исто така ќе бидат во фокусот на разговорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



