
Американскиот претседател Барак Обама вчера телефонски разговарал со лидерите на Британија, Франција, Италија, а имал заеднички разговор и со лидерите на Летонија, Литванија и Естонија, за кризата во Украина.
Обама им дал гаранција за безбедност на трите мали балтички републики, кои се чувствуваат загрозени по руското распоредување на Крим.
„Во разговорот со претседателите на Летонија, Литванија и Естонија, претседателот ја потврди непоколебливата посветеност на САД кон обврската за колективна одбрана на НАТО, и нашата трајна поддршка за безбедноста и демократијата на балтичките сојузници. Балтичките лидери ја поздравија одлуката за дополнителна поддршка на балтичките воздушни патроли, и лидерите се согласија да продолжат постојано да ги координираат напорите. Сите лидери се согласија дека е потребно Русија да ги повлече своите воени сили назад во нивните бази, да дозволи распоредување на меѓународни набљудувачи за заштита на човековите права на Крим и да се согласи за итно формирање контакт група која ќе
доведе до директен дијалог меѓу Украина и Русија за решавање на кризата и враќање на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“ – пишува во соопштението на Белата куќа.
Унгарија, Полска, Чешка и Словачка упатија заедничко писмо до Џон Бојнер, претседателот на Претставничкиот дом на САД, во кое бараат да се овозможи лесен извоз на природен гас од САД за потребите на Европа.
САД во изминатите години бележат рекордно производство на природен гас благодарение на новите техники на разбивање на карпите околу наоѓалиштата. Ова доведе до повици од Европа да се инвестира во постројки за втечнување на овој гас, кој потоа ќе може да се извезе до европските потрошувачи и да се намали нивната зависност од рускиот природен гас увезен главно преку Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


