| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ ги суспендира натпреварите што требаше да се играат во Украина

ehf

Поради новонастанатата ситуација во Украина, ЕХФ ги суспендира натпреварите кои беа планирани да се одиграат во таа земја. Така, под удар на забраната се најдоа средбите од осминафиналето на Лигата на шампионите, меѓу екипите на Мотор Запорожје и на Кил, и четврт-финалната средба од Челинџ Купот, меѓу екипите на ЗТР Запорожје и на Савехоф – објави РК Металург на својата интернет страница.

Натпреварот меѓу екипите на Мотор Запорожје и на Кил (домашната средба на Мотор) ќе се одигра на неутрален терен, а местото на одигрување ќе биде познато на почетокот од следната недела.

Исто така, наместо два натпревари во четврт-финалето на Челинџ Купот, меѓу екипите на ЗТР Запорожје и на Савехоф, решено е да се игра еден, на неутрален терен во Клајпеде, Литванија. Оваа средба ќе се одигра на 22 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top