| четврток, 6 декември 2018 |

Украина не плаќа, Газпром ќе и го сопре гасот

gasРускиот државен гигант Газпром се закани дека ќе го сопре извозот на гас во Украина поради долг од 1,89 милијарди долари. Во зимата 2009 заради таков прекин предизвика пореметување на снабдувањето со гас на низа европски земји.

-Украина, де факто престана да плаќа гас, а ние не можеме да го испорачаме бесплатно. Украина треба да ги плати заостанатите обврси, или и се заканува ризикот од 2009 година- предупреди директорот на Газпром, Алексеј Милер.

Денеска истекол рокот за уплата на заостанатиот долг.

-Газпром не доби никаква уплата. Неподмирените обврски се 1,89 милијарди долари- додава Милер.

Предупредувањето доаѓа среде руско-украинската криза. Прекинот во снабдувањето со гас би била казна за новата украинска влада.

Прекинот на испораката на гас за Украина би влијаел и на Европската унија, чија половина од увезениот гас пристигнува низ Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top