| четврток, 6 декември 2018 |

Тимошенко има 278 банкарски сметки

Поранешната премиерка на Украина има тајните банкарски сметки во 278 банки каде сокрила 200 милиони долари. Јанукович лани во март нареди истрага

nova-istraga-protiv-julije-timosenko-slika-6105Некои од најголемите банки во Велика Британија се најдоа на удар под наводите дека отвориле повеќе десетици сметки во банките во странство и дека главната сопственичка на овие сметки е поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко или некој од членовите на нејзиното семејство.

Само банките од Велика Британија за Тимошенко отвориле 85 банкарски сметки, а истрагата била спроведена од страна на лондонскиот истражувач Лоренс Грахам и покажала дека во 26 земји постојат 278 банкарски сметки во различни банки чии корисници се Јулија Тимошенко и нејзиното семејство.

Оваа истрага започнала во март минатата година и ја наложил соборениот Украински претседател, Виктор Јанукович, кој на тој начин сакал да докаже дека Тимошенко проневерилс еден куп пари. Според извештаите, на сметките се наоѓаат околу 200 милиони долари.

Нејзините адвокати изјавија за британските медиуми дека Тимошенко нема никакви средства ниту имот во САД, Швајцарија или Велика Британија, и дека не постојат никакви тајни банкарски сметки на нејзино име, објави Индепендент, кој доби и увид од резултатите на истрагата.

Адвокатите на Јулија Тимошенко исто така истакнале дека истрагата била покрената само за Јанукович да и се одмазди на Тимошенко, истакнувајќи дека наводите биле невистинити и подметнати се дискредитира Јулија Тимошенко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top