| четврток, 6 декември 2018 |

Руски конвој стигна во Симферопол

Crisis in Ukraine - Russian troops on the roadside Етничките татари го следат рускиот воен конвој како се се движи кон Симферопол, на Крим, Украина. Конвој од околу 50 воени камиони со неколку стотина руски војници пристигна во воената база во близина на кримскиот главен град Симферопол. Crisis in Ukraine - Russian troops on the roadside
Камионите биле придружувани од осум оклопни машини, две медицински возила и цистерни.
Властите во Русија претходно соопштија дека единствената нивна војска на Крим е онаа во состав на Црноморската флота. Ваквото тврдење САД го нарекоа „лага на рускиот претседател Владимир Путин“.
Според Киев, на Крим се наоѓаат 30.000 руски војници, а Пентагон тврди дека станува збор за бројка од околу 20.000 војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top