| четврток, 6 декември 2018 |

И роднини на Шеќеринска се офајдиле од државната каса

Како се случило дологодишен близок соработник на Радмила Шеќеринска да додели бизнис на братучетка на потпретседателката на СДСМ? Само од документите до кои дошол Курир  се гледа дека се префрлени суми во висина од околу 13 илјади евра?

Странска донација од Секторот за европски прашања, без тендер завршува во фирмата на првата братучетка на Радмила Шеќеринска, Искра Пeтровска.

faktura-1500n

Документите кои што ги објавува Курир.мк покажуваат како високи функционери на СДСМ вработени во владините институции вршат трансакции и префрлаат пари на роднини на Радмила Шекеринска.

Во случајот не се работи за една трансакција , документите покажуваат дека Секторот за европски прашања во седум наврати во 2004 година фирмата на братучетката на Шеќеринска, БТ Македонија ДООЕЛ требало да и плати  778.167 денари.

faktura-7-500

Но трансакциите кон роднините на Шекеринска не се случувале само кога таа била вицепремиер во владата на РМ. Тие продолжиле и потоа откако СДСМ е во опозиција а Шекеринска не е државен функционер. 

На 19.04.2013 година, заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими го овластува Јован Деспотовски да ги потпишува со свој потпис сите акти кои се однесуваат на материјално-финансиското работење на Донацијата од Владата на Кралството Норвешка.

faktura-6-500n

Јован Деспотовски е вработен во Секторот за европски прашања во време кога таму раководеше Радмила Шеќеринска. Во исто време во секторот е вработен и неговиот роден брат  од кога тој и важи за близок соработник на Шеќеринска. Бил и е член на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, а денес е секретар за меѓународна соработка.

faktura-5-500n

Јован Деспотовски, заедно со Дамјан Манчевски, во СДСМ важат за најблиски соработници на Радмила Шеќеринска.

 

Парите доделени без тендер

Најверојатно секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски, во случајов ги користел своите овластувања и можноста од Законот за јавни набавки, член 9, став 1, алинеја 1 да и овозможи работа на фирмата БТ Македонија ДООЕЛ без распишување на тендер.

faktura-2-500n

БТ Македонија ДООЕЛ е фирма во сопственост на друга фирма СОФИКС ДОО, а пак во таа фирма сопственици се Искра Петровска, прва братучеда на Радмила Шеќеринска и Мeтодија Наумовски, тетин на Шеќеринска и татко на Искра Петровска. Бизнисот без тендер од СЕП завршил кај братучедата и тетинот на Радмила Шеќеринска.

 

Инаку брат на Искра Петровска е Никола Наумовски, познат како активист на сите СОРОС настани и организации, како што се Плоштад Слобода, Распеани Скопјани, Паркобрани итн.

Потпретседателката на СДСМ Шекеринска сеуште не се обратила на јавноста да ги објасни трансалциите во кои се инволвирани нејзини блиски соработници и роднини.

 

На 19.04.2013 година, заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими го овластува Јован Деспотовски да ги потпишува со свој потпис сите акти кои се однесуваат на материјално-финансиското работење на Донацијата од Владата на Кралството Норвешка.

Јован Деспотовски е вработен во Секторот за европски прашања во време кога таму раководеше Радмила Шеќеринска. Во исто време во секторот е вработен и неговиот роден брат. Од тогаш тој и важи за близок соработник на Шеќеринска. Бил и е член на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, а денес е и нејзин секретар за меѓународна соработка. Јован Деспотовски, заедно со Дамјан Манчевски, во СДСМ ги препознаават како најблиски соработници со Радмила Шеќеринска.

„Курир“ пишува дека, според нивните податоци, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски, ги искористи своите овластувања и можноста од Законот за јавни набавки, член 9, став 1, алинеја 1 да и овозможи работа на фирмата БТ Македонија ДООЕЛ без распишување на тендер.

БТ Македонија ДООЕЛ е фирма во сопственост на друга фирма СОФИКС ДОО, а пак во таа фирма сопственици се Искра Петровска, прва братучеда на Радмила Шеќеринска и Матодија Наумовски, тетин на Шеќеринска и татко на Искра Петровска. Бизнисот без тендер од СЕП завршил кај братучедата и тетинот на Радмила Шеќеринска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top