Проруски активисти денеска повторно демонстрираат во источна Украина, упориште на поранешниот претседател Виктор Јанукович.
Активистите, кои протестираат 24 часа во центарот на Доњецк, под советско знаме со златен срп и чекан, бараат распишување референдум за независност како референдумот на Крим, кој ќе се одржи на 16 март. Слични протести се одржуваат и во блиските градови Харков и Дњепропетровск, во кои исто така доминантно се зборува руски.
Русија соопшти дека го зајакнала обезбедувањето на базите на својата Црноморска флота на Крим и оти соработува со локалните единици за самоодбрана, но не признава дека испратила воено зајакнување на тој полуостров во Црното Море.
Генералот на украинските граничари Микола Ковиљ вчера изјави дека на Крим во моментов се наоѓаат 30.000 руски војници, додека според важечкиот договор со Украина дозволени се најмногу 25.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


