Завчера, 6 март на булеварот „3-та Македонска бригада“ полицијата интервенирала по пријава за нарушување на јавниот ред и мир од страна поголема група на ученици од СУГС „Владо Тасевски“ и ДСУ „Марија Кири Склодовска“ од Скопје.
Од страна на ЕПОИ „Алфа“ лишени од слобода се вкупно 16 малолетни лица, кои се приведени во ПС Аеродром за давање исказ и утврдување на нивна можна инволвираност: С.Г. (17) и Б.З. (17) кои биле со видливи црвенила на лицето и образите, потоа Е.Ј. (17), Х.Ј. (17), С.И. (17), Т.М. (17), Ф.Ј. (16), Е.М. (17), Б.Ќ. (17), Е.М. (17), И.М. (16), Џ.В. (17), В.И. (17), И.И. (17), А.Ш. (17), Ј.Ј. (17), сите од Скопје.
По испрашувањето на приведените малолетници од страна на полициски службеници од Одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство обавени, утврдено е дека околу 13:00 часот малолетниците С.Г. и Б.З. ,ученици од СУГС „Владо Тасевски“, без повод и причина биле физички нападнати од страна на поголема група ученици од ДСУ „Марија Кири Склодовска“. Притоа, оштетените заедно со други соученици кои биле во нивна близина, избегале кон училиштето со цел да се засолнат, известува МВР.
Исто така обавен е разговор со Б.Н. (16) и Д.Е. (17), ученици во СУГС „Владо Тасевски“ кои како сведоци го потврдија настанот. Од страна на СВР- Скопје за превземените мерки и активности ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


