Денеска во 16 часот, Барселона натпреварот против Реал Ваљадолид ќе го одигра без фудбалерот од средниот ред Андрес Иниеста.
– Тој нема да игра од лични причини – беше официјалното соопштение на тренерот Тата Мартино.
Сепак, шпанските медиуми ја открија вистинската причина за неговото отсуство.
Всушност, поради компликации во текот на бременоста неговата сопруга Ана Ортиз го изгуби бебето. Двојката во октомври минатата година објави дека очекуваат принова и Ана минатиот месец на нејзиниот профил на „Твитер“ објави фотографии од трудничкиот стомак.
Андрес и Ана веќе ја имаат ќерката Валерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
„Анима Мунди“ со соопштение по трагедијата во Гостивар
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Трагедија во Србија: Бебе паднало во канта со боја, никој не знае колку време се давело