Авион на малезиската компанија „Малезија ерлајнс“ со 227 патници и 12 членови на екипажот се урна денеска во морето, на 153 милји од виетнамскиот остров Тхо Чу, соопштија виетнамските медиуми, повикувајќи се на офицер од воено-
поморските сили.
– Во моментов нема виетнамски воени бродови во тој регион, затоа треба да побараме бродови од островот Фу Куок да се подготват за спасувачка акција, изјави адмирал Нго Ван Фат.
Островите Тхо Чу и Фу Куок се наоѓаат југозападно од јужен Виетнам. Засега не е познато од каде сознанието на адмиралот за урнатиот „Боинг 777-200 ЕР„, односно дали биле забележани останките од авионот.
На интернет страницата на авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ беше соопштено дека на списокот на патници биле 153 Кинези, меѓу кои и едно бебе, 38 Малезијци, 12 Индонезијци, седумина Австралијанци, четворица Американци, од кои едно бебе, тројца Французи, по двајца од Нов Зеланд, Канада и Украина и по еден државјанин на Русија, Италија, Тајван, Холандија и Австрија.
Пилотот и копилотот се Малезијци со долг стаж.
Летот од Куала Лумпур до Пекинг е изведен заеднички со кинеската авиокомпанија „Чајна садрн ерлајнс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Ова е последната фотографија со другарките: Мина од својата моминска заминала директно во смрт
-
Бизнисмен и неговото семејство загинаа во авионска несреќа
-
Четворица загинаа во авионска несреќа во Брегот на Слоновата Коска