
Денеска попладне две лица кај паркингот кај Природно-математичкиот факултет во Скопје киднапирале момче и го однеле во парк-шумата Гази Баба. Станува збор за И.С. (26) и В.С. (25), кои го грабнале О.Ј.(23) во својот автомобил „тико“.
Грабнувачите се пронајдени и приведени од страна на полициските единици „алфи“.
Во тек е утврдувањето на мотивите за киднапирањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


