За време на викендов во периодот од 9 до 16 часот ќе биде изменета трасата на линијата „13“ на ЈСП; информираат од Град Скопје.
Поради поставување атмосферска канализација на крстосницата на булевар „Србија“ со булевар „3-та Македонска бригада“, автобусите на оваа линија во правец кон Кисела Вода ќе се движат по постојната траса до крстосницата на булевар „Србија“ со булевар „3-та Македонска Бригада, а потоа се пренасочуваат по булевар „3-та Македонска бригада“, улица „11-ти Октомври“, булевар „Борис Трајковски“ улица „Народни Херои“ и улица „Христо Татарчев“.
Во насока од Кисела Вода кон Железарница, автобусите на оваа линија на ЈСП ќе се движат по постојната траса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.