| четврток, 6 декември 2018 |

Нов тендерски скандал во СДСМ – пари и за фамилијата на Шекеринска

JovanDespotovski_Kina

Нов тендерски скандал ја тресе СДСМ. Членот на извршниот одбор на партијата, Јован Деспотовски, делел тендери вредни стотици илјади денари на компании во сопственост на прва братучедка на Радмила Шекеринска.

photo 1Деспотовски како вработен во секторот за европски при Владата бил одговорен да располага со парите кои Македонија ги добила како донација од кралството Норвешка.

photo 4 Документите кои ги објави ТВ Сител покажуваа дека вицепремиерот Бесими лично го овластил Деспотовски да ја распредели донацијата.Тековна состојба Друштво за агенциски и туристички работи и други услуги БТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје_Page_1

Сител објави фактура од јануари годинава според која Деспотовски треба да и плати над 300 000 денари на компанијата БТ Македонија. Во Централен регистар како управител се јавува Искра Петровска, прва братучедка на Шекеринска. Сопственик на оваа компанија е Софикс ДОО Скопје.

1111_Page_1

-Во потрага по вистинските сопственици на оваа компанија, Сител дојде и до тековната сметка на компанијата Софикс, во која стои дека сопственици на фирмата се тетинот на Шекеринска, Методија Наумовски и братучедката на Шекеринска, Петровска. Петровска е сестра на Никола Наумовски, познат активист на СОРОС, еден од најгласните против проектот Скопје 2014 година – објави Сител.

Согласно законот за јавни набавки, при распределба на средства од донациим нема обврска најдобриот понудувач да ко избира на тендер. Останува нејасно дали на овој начин парите од донации се прелеваат на сметки на фирми блиски на раководството на опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top