| четврток, 6 декември 2018 |

Патриот со смисла за хумор

Сум имал раз­ни искус­тва, здрав­стве­ни комп­ли­ка­ции кои, впро­чем, би­ле са­мо под­го­то­вка за тоа што сле­ду­ва. И та­ка е це­ло вре­ме. Сум мис­лел де­ка во мо­мен­тот ми се слу­чу­ва не­прав­да, тра­ге­ди­ја и се­то тоа што ни го шеп­ка стра­вот. Но­ќе, ко­га си­те спи­јат, сме исти, ама ко­га ќе се раз­бу­ди де­нот и си­те одат не­ка­де, а ти си вр­зан за кре­вет... Глу­па­во е да тур­каш ѕид со гла­ва. А ако ве­ќе мо­ра та­ка, то­гаш ќе има и кни­ги, и играч­ки, и ТВ, и ра­дио, па се­га и ин­тер­нет...

Ко­га ќе се спо­ме­не Ви­кса, асо­ци­ја­ци­ја­та е ра­дио, ин­те­рес­ни ко­мен­та­ри, смеење… Во не­го­во при­сус­тво се­ко­гаш се оче­ку­ва тој да на­пра­ви ат­мо­сфе­ра, да биде тој што ќе пре­диз­ви­ка сол­зи од смеење… А, се­пак, тој е са­мо чо­век, она су­штес­тво што се смее, но и пла­че, што знае да се ра­ду­ва, но и да чув­ству­ва бол­ка. Но, ба­рем до­се­га, не доз­во­лил јав­но­ста да знае за дру­га­та стра­на…

 

Од „Си­ти ра­дио“ ре­ши да „слу­шаш во бо­ја“. Што бе­ше пре­суд­но за да пре­ми­неш во „Ра­дио сло­бод­на Ма­ке­до­ни­ја“?
Ви­кса: Ап­со­лут­но ме­та­фи­зич­ко пра­ша­ње. Ќе одам од мо­ја­та стра­на на од­го­во­рот. Јас не мо­жам да на­пу­штам дел од се­бе, ка­ко што ни „Си­ти“ не мо­же да по­стои без мо­јот те­мел (дел). Са­кам да ка­жам, вгра­ден сум во вре­ме, про­стор и ма­три­ца ко­ја се на­ре­ку­ва ра­ди­ски етер, тоа е ми­на­то ка­ко вре­ме. Ако ѕир­неш, та­му сѐ уште по­сто­јат уба­ви мо­мен­ти и енер­ги­ја. Утрин­ско дру­же­ње, бу­де­ње, ше­гу­ва­ње, пред­ло­зи за брак, кор­пи, по­не­дел­ни­ци и втор­ни­ци кои сме ги иску­си­ле за­ед­но. И да са­каш, не мо­жеш да се на­пу­штиш се­бе­си. Единс­тве­на­та кон­стан­та на на­ши­ов свет е про­ме­на­та, ко­ја е ум­но да ја пра­кти­ку­ваш ко­га ќе го по­чув­ству­ваш мо­мен­тот. Пли­вам по те­че­ни­е­то на мо­ја­та ка­ри­е­ра и се ра­ду­вам на се­кое но­во искус­тво. Мис­лам де­ка бо­и­те ќе ни да­дат но­ви ужи­ва­ња и уба­ви искус­тва. Ве­ру­вам и пуб­ли­ка­та е рас­по­ло­же­на за ед­на уба­ва про­ше­тка на но­ва де­сти­на­ци­ја на­ре­че­на „Ра­дио сло­бод­на Ма­ке­до­ни­ја“.

Ка­ко ус­пе­ваш да ста­неш тол­ку ра­но и се­ко­гаш да би­деш полн со енер­ги­ја (чи­тај, уста да не за­тво­риш)?
Ви­кса: Кој ра­но ста­ну­ва, зна­чи ра­но и си лег­ну­ва. Нор­мал­но де­ка ми по­ма­га­ат два по­лу­ди­ги­тал­ни пет­ли кои рас­по­ла­га­ат со уди­рач­ка сек­ци­ја, бу­ре лад­на во­да и ка­зан топ­ло ка­фе. И за­дол­жи­те­лен пог­лед кон по­сте­рот на Ве­ни­зе­лос за, и да са­кам, да не мо­жам да зас­пи­јам. Има не­ко­ја ин­те­рес­на уба­ви­на во ста­ну­ва­ње­то ра­но на­у­тро, ама знае да би­де те­шко по­не­ко­гаш. Осо­бе­но во октом­ври, но­ем­ври …

Че­сто те слу­ша­ме во ноќ­на еми­си­ја, а ве­ќе след­но­то утро по­втор­но си од 7 ча­сот во сту­дио. Оста­ну­ваш да спи­еш во сту­дио или?
Ви­кса: Ова е су­пер за­бе­ле­шка. Нај­че­сто та­ков рас­по­ред се пра­ви ко­га не­ко­ја но­ва ста­ни­ца се по­ја­ву­ва и се прет­ста­ву­ва на па­за­рот. Тоа е до­ста на­би­е­но тем­по, кое го по­ста­ву­ва ме­на­џе­рот на ти­мот и ка­ко пра­кти­ка обич­но трае не­кол­ку ме­се­ци за да се по­зи­ци­о­ни­ра­ме по­до­бро ка­ко ра­дио и се­кој на­ре­ден ден да е по­до­бар од прет­ход­ни­от. Тоа тем­по е ма­кси­мал­но за­мор­но ако не си ја са­каш ра­бо­та­та, во спро­тив­но ста­ну­ва збор за ужи­ва­ње, спо­де­лу­ва­ње шеги во друш­тво оти имам тол­ку фра­ер­ски дру­гар, при­ја­тел и, пред сѐ, до­бар чо­век, кој е сме­стен во згод­но­то те­ло на мо­ја­та ко­ле­шка Еле­на Сто­ја­нов­ска. Со до­бар тим ни­што не е не­воз­мож­но, а со Еле­на сме по­ве­ќе од до­бар тим. Про­грам­ска­та ше­ма ќе се раз­ме­сту­ва и мо­де­ли­ра спо­ред по­тре­би­те на слу­ша­те­ли­те, се на­де­вам де­ка не­ма да ми здо­дее. Пр­ви­от мо­мент штом ќе по­чув­ству­вам за­мор, одам на од­мор. На кол­ку и да е де­на, па та­ка им пре­по­ра­чу­вам од­мор на мно­гу до­сад­ни фра­е­ри и фра­ер­ки би­деј­ќи нѐ за­ма­ра­ат, а се за­ма­ра­ат и се­бе­си. Не­ма да би­дам кон­кре­тен, а мис­лам на си­те ва­кви јав­ни личности од си­те стра­ни на пи­ра­ми­да­та.

Да­ли ти е сма­че­но што лу­ѓе­то оче­ку­ва­ат од те­бе по­сто­ја­но да си нас­ме­ан и да ги сме­еш? Во ед­на при­го­да имаш из­ја­ве­но де­ка си рас­ки­нал со Ви­ска и си се за­поз­нал со Ви­ктор.
Ви­кса: Да­ли ми се сма­чу­ва од Ви­кса? Да. И се­ко­гаш ко­га е та­ка, се дру­жам со Ви­ктор. Има ед­на из­ну­де­на ше­гу­вач­ка енер­ги­ја ко­га сум во ма­ки, па и лу­ѓе­то нај­че­сто се чув­стви­тел­ни. Мис­лам де­ка тоа е доб­лест кај на­ше­во пле­ме. Да се за­ка­ча­ат си­те со му­а­бет, и тоа е уба­во, т.е. ме­не не ми пре­чи, но ако не ми се збо­ру­ва, па и не ме за­ка­ча­ат. Ко­га сум над­вор од Ма­ке­до­ни­ја, по­ве­ќе се дру­жам со Ви­ктор. И та­ка чо­веч­ки веч­но си фа­ли­ме са­ми на се­бе. Тој што ја из­мис­лил „пре­за­си­ту­вач­ка­та“ ка­ко со­стој­ба ги из­ме­шал ра­бо­ти­те (се смее). Дол­го ра­бо­там јав­на ра­бо­та. Се­га сум акти­вен од по­не­дел­ник до пе­ток. По три ча­са се­кое утро на ра­дио во етер, за под­го­то­вки да не пра­ви­ме му­а­бет, ноќ­на во че­твр­ток, „Бин­го бум“ и „Вре­ме за сре­ќа“ во по­не­дел­ник, па та­му кај што не­кој среќ­ник ќе „из­гре­бе“ ко­ла или не­ко­ја дру­га на­гра­да од мно­гу­те на Ло­та­ри­ја, се сли­ка­ме, си че­сти­та­ме и та­ка се­ко­ја не­де­ла. Обич­но низ Ма­ке­до­ни­ја на че­сти­та­ње до­би­вки се оди пре­ку ви­кенд. И ко­га ќе ви­диш, лет­на­ла не­де­ла­та. Во ме­ѓу­вре­ме, по­ткрад­ну­вам вре­ме да се ви­дам со мо­и­те најб­ли­ски, да про­чи­там кни­га, да гле­дам филм и на­до­град­ба за да имам што да да­дам. Мо­рам да го пол­нам мо­јот ре­зер­во­ар, а тоа нај­лес­но ми ус­пе­ва со гле­да­ње во сон­це­то… за „сан­геј­зинг“ друг­пат.

Viksa-int78-2

Бин­го бум? Од ка­де Ви­кса ка­ко во­ди­тел на бин­го? Џам­ба­зов се пов­ле­че, дој­де Ви­кса.
Ви­кса: Бин­го­то или по­точ­но про­е­ктот „Вре­ме на сре­ќа“ е нов про­ект на Др­жав­на ло­та­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја. Во ед­на еми­си­ја се сме­сте­ни по­ве­ќе игри кои ну­дат раз­ни пре­мии, а пре­ми­и­те се ус­лов­но за­вис­ни од уп­ла­та­та. Уп­ла­та­та е про­мен­ли­ва и не е кон­стан­тна, исто ка­ко и жи­во­тот. Тој е про­мен­лив и не­пред­вид­лив. Де­нес уп­ла­ќам пет среќ­ни број­ки и ако тре­ба ќе ми се пад­не пре­ми­ја, а ако не ми е пи­ша­но, не­ма да до­би­јам ни­што. Си­те ние нај­че­сто че­ка­ме пре­ми­ја, но за­бо­ра­ва­ме да уп­ла­ти­ме. Ова го мис­лам гло­бал­но. Ако не уп­ла­тиш (фа­кул­тет, зна­е­ње, на­до­град­ба, труд), а са­мо че­каш пре­ми­ја, то­гаш ста­ну­ваш еден од тие што веч­но ба­ра­ат ме­стен­ка, дуп­ка во си­стемот, зад­на вра­та , ду­ба­ра…..за по­ли­ти­ка­та ва­жи исто­то. Јас го слу­шам мо­јот вна­тре­шен глас и та­ка ги до­не­су­вам од­лу­ки­те.

Имам во­де­но сѐ, се­ка­кви ви­до­ви ма­ни­фе­ста­ции, освен „Злат­на бу­ба­ма­ра“. Ова е тво­ја из­ја­ва ко­га бе­ше на ли­стата за со­вет­ник на Кар­пош.
Ви­кса: По­не­ко­гаш сум пре­оп­ти­ми­стич­ки на­стро­ен, ама та­ка ми е ин­те­рес­но. Пра­вам свое тол­ку­ва­ње и та­ка пре­ле­ту­вам пре­ку до­сад­на­та стра­на на ре­ал­но­ста. Та­ка вле­гов на ли­ста на со­вет­ни­ци кај не­за­вис­на­та Ми­ла, се­стра на Ран­ко Бу­ба­ма­ра…. Со Ран­ко сме ге­не­ра­ци­ја… ра­ди­ска… иста бер­ба… Тоа не бе­ше се­ри­оз­но сфа­те­но од мо­ја стра­на иа­ко имав се­ри­оз­ни и фра­ер­ски пред­ло­зи.

А сѐ уште сме­таш де­ка имаш што да пред­ло­жиш за Кар­пош? Уште си на иде­ја де­ка е по­треб­на онаа дви­жеч­ка лен­та за да ги но­си лу­ѓе­то до цен­та­рот на гра­дот?
Ви­кса: Тоа е ед­но од фра­ер­ски­те ре­ше­ни­ја – лен­та­та ќе ра­бо­ти на стру­ја и ќе се дви­жи кон Цен­тар по „Пар­ти­зан­ска“ и обрат­но на ме­сто­то на др­во­ре­ди­те ме­ѓу ко­ло­воз­ни­те лен­ти. Зна­чи, за­ста­ну­ваш на неа, таа те но­си ка­ко ку­фе­ри­те на ае­ро­дром, си раз­го­ва­раш, чи­таш, не­ма стрес…, еден че­кор и се сим­ну­ваш – еко­ло­шка под­виж­на транс­порт­на лен­та. Сле­ден про­ект, ба­зе­ни за лет­но ре­кре­и­ра­ње и ани­ми­ра­ње на се­кои три згра­ди по еден, со шанк и ат­мо­сфе­ра за дру­же­ње на ком­ши­и­те….. Ее­ее, кол­ку са­каш. Ама до­бра­та иде­ја не­ма рок на тра­е­ње. Мо­же со Стев­чо ќе ги ре­а­ли­зи­ра­ме… Знам де­ка се­га е пре­тсе­да­тел­ски на­стро­ен во сво­е­то ра­бот­но вре­ме, но еве ва­ка пре­ку вас да се по­фа­лам де­ка имам тим и мар­ке­тин­шка аген­ци­ја ко­ја има идеи ка­ко си­те да жи­ве­е­ме по­у­ба­во и по­ис­пол­не­то. Не­кол­ку врв­ни мо­зо­ци кои раз­мис­лу­ва­ат во иста на­со­ка. Ние сме под­го­тве­ни. Отво­ре­на по­ну­да до си­те гра­до­на­чал­ни­ци. Јас сум ле­сен за на­о­ѓа­ње. Тоа што тре­ба, ќе се слу­чи, тоа што не тре­ба, не­ма да се слу­чи. Се вра­ќам на бин­го­то, тоа е игра ко­ја има слич­ни пра­ви­ла ка­ко и жи­во­тот… Ги раз­би­рам и игра­чи­те, и не­и­гра­чи­те, и си­те оста­на­ти….

Сле­ду­ва­ат из­бо­ри. Имаш до­вол­но го­ди­ни за да се кан­ди­ди­раш за пре­тсе­да­тел на Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ков би бил твојот сло­га­н ко­га би се кан­ди­ди­рал за та­ква по­зи­ци­ја?
Ви­кса: Са­ми­от збор „кан­ди­да­ту­ра“ мо­же­ме да го по­де­ли­ме на два на­чи­на: кан­ди­да-ту­ра (или ста­ва кан­ди­да) и кан­ди­дат-ура (или ура ка­ко из­вик при ра­ду­ва­ње на кан­ди­да­тот). От­ту­ка се гле­да де­ка ед­но „т“ по­на­пред или по­на­зад пра­ви го­ле­ма раз­ли­ка. Јас не би се кан­ди­ди­рал за пре­тсе­да­тел уште осум го­ди­ни. Ми фа­ли уште мал­ку му­дрост. Ама ако мо­ра да ка­жам сло­ган, то­гаш би играл на „Па­три­от со смис­ла за ху­мор“ или „Наш, а и ваш – тој не знае да пра­ви аш“ (аш – из­вик што се упо­тре­бу­ва ко­га ќе сне­ма не­кое ма­те­ри­јал­но јав­но до­бро). Не­ка­ко не ме прив­ле­ку­ва­ат функ­ции сѐ уште, са­кам до­бри идеи, са­кам до­бар бре­ин стри­минг, са­кам да се по­тсе­ту­ва­ме на ед­но­став­ни­те се­којд­нев­ни не­шта во жи­ве­е­ње­то.

Не­о­дам­на во еми­си­ја­та „Ту­нел“ прв­пат про­го­во­ри за не­што што јав­но­ста не го знае – проб­ле­мот со ср­це­ви­от му­скул, здрав­ствен проб­лем со кој си се со­о­чил уште на две­го­диш­на во­зраст. Ти ус­пеа да го из­ва­диш по­зи­тив­но­то од тоа – ле­же­ње­то до­ма, чи­та­ње­то, сле­де­ње­то на сѐ што е но­во и акту­ел­но те сме­сти во оп­штес­тво­то та­му ка­де што при­па­ѓаш. Да­ли оп­ти­миз­мот и по­зи­тив­на­та енер­ги­ја се нај­важ­ни за да се из­ле­зе од кој би­ло проб­лем?
Ви­кса: Да, во еми­си­ја­та „Ту­нел“ на МТВ спо­ме­нав де­ка сум имал раз­ни искус­тва, здрав­стве­ни комп­ли­ка­ции кои впро­чем би­ле са­мо под­го­то­вка на тоа што сле­ду­ва. И та­ка е це­ло вре­ме. Сум мис­лел де­ка во мо­мен­тот ми се слу­чу­ва не­прав­да, тра­ге­ди­ја и се­то тоа што ни го шеп­ка стра­вот. Но­ќе, ко­га си­те спи­јат, сме би­ле исти, ама ко­га ќе се раз­бу­ди де­нот и си­те одат не­ка­де, а ти си вр­зан за кре­вет… Глу­па­во е да тур­каш ѕид со гла­ва. А ако ве­ќе мо­ра та­ка, то­гаш ќе има и кни­ги, и играч­ки, и ТВ, и ра­дио, па се­га ин­тер­нет… ее­ее да на­бро­ју­вам уште? Му­а­бе­тот ми е де­ка жи­во­тот е адап­та­ци­ја и по­не­ко­гаш не е ка­ко што ние мис­ли­ме де­ка тре­ба да би­де, ама тоа ја пра­ви игра­та ин­те­рес­на…. Уба­во е да се на­со­чиш се­бе­си пра­вил­но, а за тоа се по­треб­ни план и, нај­бит­но, до­бра мис­ла. Имам лич­ни ри­ту­а­ли кои ме по­тсе­ту­ва­ат де­ка ќе би­де по­до­бро или та­ка ка­ко што тре­ба да би­де, на­ше е да иску­си­ме кол­ку што ни тре­ба и да би­де­ме среќ­ни. Без гри­жа, би­де­те среќ­ни де­нес и не ште­де­те ра­ду­ва­ње и ве­се­лост за утре. Ис­праз­не­те се де­нес за да имате про­стор за но­ва сре­ќа. Ако не ис­праз­ниш, не­ма да на­пол­ниш, не­ли?

Ќеф ми е што „Ре­пуб­ли­ка“ на­пра­ви про­стор за да си по­при­ка­же­ме за обич­ни­те те­ми на жи­ве­е­ње­то и што во­оп­што се чи­та­ме и за­ед­нич­ки се вр­ти­ме на пла­не­та­ва во ист мо­мент и де­фи­ни­ра­но вре­ме. Тоа е не­по­врат­но вре­ме. Ко­га би мо­жел да от­па­ту­вам не­ка­де на­на­пред, ид­ни­на­та би би­ла мо­ја­та де­сти­на­ци­ја. Не би се вра­ќал на­зад. Не­ма зо­што. Имам иску­се­но сѐ од тоа што по­ми­на­ло, а тоа што до­а­ѓа е но­во и ќе би­де та­кво ка­кво што ќе ре­ши­ме де­нес. Тоа што го фр­лаш зад те­бе, ќе го нај­деш утре на тво­јот пат. За крај еден при­мер. Ако јас и ти има­ме по ед­но ја­бол­ко и си ги раз­ме­ни­ме. Ко­га ќе се раз­де­ли­ме, пак ќе има­ме по ед­но – јас тво­ето, а ти моето. Но, ако раз­ме­ни­ме по еден виц, јас ти ка­жам те­бе, а ти ме­не, и двај­ца­та ќе има­ме по два ви­ца. До­бра ма­те­ма­ти­ка, не­ли? Се чи­тав­ме што се чи­тав­ме, а се­га дос­лу­ша­ње на ра­дио. Имај­те уба­во жи­ве­е­ње до след­на­та на­ша сред­ба, ка­де и да е, ТВ, ра­дио, ин­тер­нет, а нај­фи­но во жи­во.

Разговараше: Ма­ри­на Ко­стов­ска
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Интервјуто со Виктор Петров – Викса е објавено во 78. број на неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top