Кога ќе влезете кај мене на гости треба да се поздравите. Ако не сакате да правите муабет со домаќинот, тогаш мора да сте европски пратеник кој не е избран, туку делегиран, затоа што добро стои со некој.
Ова на денешниот, најмасовен протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ го истакна радио – водителот Виктор Петров – Викса.
Тој додаде дека Македонците се воспитан народ, кој секогаш кога е испровоциран да се однесува некултурно наоѓа сила да најде мудрост.
– Хан не сакал да прави муабет со нас, и што да правиме сега ние? Кој губи ако не прави муабет со 200.000 луѓе?, прашува Викса.
Потенцира дека за се има крај, па така и за европската политика.
– Нивната политика пропаѓа затоа што се има крај. Зошто? Затоа што не е природно. Зошто не е природно? Затоа што се купува. Ова овде не се плаќа сопари. И тука е тоа што ни дава сила, тоа е тоа во кое веруваме, посочи Викса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.