| четврток, 6 декември 2018 |

Крим: Скапоцен камен на Црно Море со сјај на Медитеранот

Во моментов никој на светот не препорачува одмор на Крим поради мошне тензичната политичка ситуација меѓу Украина и Русија.

Меѓутоа, овој рајски полуостров се смета за вистински скапоцен камен на Црно Море. Пред советската ера, ова одмаралиште, кое неодоливо потсетува на медитеранските, било уточиште на руските монарси, но и на обичните работници.

Откако Украина стекна независност, оваа област стекна репутација на работничко одморалиште, но и натаму продолжија да ја преплавуваат Руси, Украинци, па дури и голем број државјани на западните земји, кои бараат мирен одмор на плажа.

Исто така, „Нешнл џеографик“ го оцени Крим како една од најдобрите дестинации за 2013 година. Импресивните панорами од планинските венци и платоата од варовник, со вулканските формации и плажите на Црно Море заедно прават неповторлив пејзаж на овој величенствен полуостров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top