| четврток, 6 декември 2018 |

Виктор Јанукович доживеал тежок срцев удар?

Соборениот украински претседател Виктор Јанукович, кој е во егзил, моментално се наоѓа во болницата во Москва. Наводно, тој преживеал тежок инфаркт и сѐ уште е во тешка состојба, пренесува „Дејли мејл“.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин демантираше дека Јанукович починал од срцев удар во Ростов на Дон. Путин во вторникот истакна дека Јанукович е “жив и здрав” и дека тој остварил средба со него. Ваквите информации ги потврди и рускиот печат „Московски комсомолец“.

– Нашиот извор ги потврди информациите дека Јанукович доживеал инфаркт. Неговата здравствена состојба е многу лоша – стои во соопштението на „Московски комсомолец“, каде што не е наведено во која болница се наоѓа Јанукович.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top