Македонскиот премиер Никола Груевски, кој учествува на самитот на ЕПП во Даблин, денеска имаше средба со неговиот ирски колега Енда Кени, на која беа потврдени добрите односи меѓу двете земји, но и поддршката што Ирска ја дава во процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.
На средбата беа констатирани добрите ирско-македонски дипломатски односи кои оваа година одбележуваат 20 години од нивното почнување, а соговорниците се согласија дека покрај добрите и пријателски политички односи постојат капацитети и добар потенцијал за натамошно интензивирање на економските односи.
Македонскиот премиер изразил задоволство од поддршката што Ирска ѝ ја дава на Република Македонија во процесот на европските интеграции, но ја истакнал и важноста на нејзиниот ангажман во рамките на институциите на Европската унија, особено Европскиот парламент за задржување на континуитетот на проширување на Унијата.
Груевски посочил дека значајна цел и приоритет на Македонија претставува напредувањето во процесот на евроинтеграциите. Притоа, тој го запозна својот колега со реформите и чекорите што ги презема Македонија, а се насочени кон подобрување на стандардот на граѓаните, зголемување на инвестициите и подобрување на капацитетот на институциите.
Соговорниците на средбата разговараа и за повеќе актуелни теми и прашања при што премиерот Груевски го информираше Кени за спорот за името со Грција со барање за натамошна поддршка од Република Ирска за евроинтеграциските процеси на Република Македонија.
Премиерот Груевски втор ден учествува на конгресот на Европската народна партија што се одржува во Даблин каде што се избира кандидат за претседател на Европската комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски