Во четвртокот се појави информација дека Манчестер сити подготвува 200 милиони евра за купување на еден од најдобрите фудбалери Лионел Меси, меѓутоа било малку за Барселона.
Како што пренесува каталонскиот „Спорт клуб“, секој што има намера да го купи Аргентинецот од Барселона ќе мора да издвои неверојатни половина милијарда евра. Иако претседателот на клубот Жозеп Бертомеу неодамна изјави дека Меси не е на продажба, би размислил доколку некој испрати ваква „непристојна“ понуда.
Од клубовите што можат да си дозволат такво задоволство покрај Манчестер сити, тука е само ПСЖ, кој има неограничен буџет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


