Утре во 13 часот, во Детскиот креативен центар, по повод денот на жената ќе се организира изложба и работилница на која членовите од Ликовното Студио, заедно со присутните деца ќе имаат можност да креираат осмомартовски честитки кои потоа ќе им бидат подарени на гостите на изложбата.Свои дела ќе изложи и ликовниот уметник Лилјана Стојанова, која ќе се претстави со дваесетина минијатури.
Основна цел на Детскиот креативен центар во седумнааесетгодишното постоење е на децата, преку индивидуални или колективни посети, низ игра и организирани активности им овозможи да го покажат својот талент и креативност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.