| четврток, 6 декември 2018 |

Растот на индустриското производство дава силен импулс врз економијата

stavreski

Растот на индустриското производство и зголемувањето на бројот на работници во индустријата во јануари е позитивно и ќе даде силен имплус врз развојот на економијата во оваа година, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Коментирајќи ги најновите статистички податоци за растот на индустриското производство од 6,4 проценти, министерот Ставрески оцени дека трендовите во индустријата се добри и оти тоа претставува поддршка за постигнувањето на предвидениот економски раст за годинава.
Според него, значајно е и тоа што има креирање нови работни места во индустријата.
– За 6,5 проценти е зголемен бројот на работници во индустријата само во јануари годинава во однос на истиот месец минатата година, а ако споредиме со 2006 година имаме зголемување на бројот на работници во индустријата за околу 27 илјади. Ако се има предвид дека во поголем дел од овој период имавме светска и европска криза и во голем број земји имаше отпуштања од работа, а кај нас има зголемување на бројот на вработени, посебно во фабриките што се лоцирани во зоните, тогаш, секако, дека ова се позитивни движења и очекувам тоа да даде силен импулс врз развојот на економијата во оваа година – потенцираше вицепремиерот Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top