| четврток, 6 декември 2018 |

Атман и Вугринец нема да настапат на мечот со Брест Мешков

Во последниот натпревар од СЕХА лигата на домашен терен РК Металург го игра против белорускиот претставник во ова натпреварување Брест Мешков.
Во пресрет на овој натпревар тренерот на „металците“ Лино Червар нагласи дека Брест е сериозен тим со дури 12 странски играчи.

– Во недела играме со Брест Мешков на домашен терен. Тоа ќе биде последен натпревар на домашен терен. Тоа е сериозна екипа со дури 12 странски играчи. Сега се засилија со неколку играчи од Динамо Минск, кој играше во Лигата на шампионите. Нема да го коментирам судењето на првиот натпревар бидејќи казните се ригорозни. Сите видовте што се случи таму. Имаме проблеми со повредените играчи. Атман, секако, нема да игра, додека Вугиренец е под знак прашање бидејќи има проблеми со здравјето. Секако, наша цел е да имаме здрави играчи за мечот од Лигата на шампионите против Колдинг. В недела очекувам тежок меч, кој ќе биде одлична подготовка за двомечот со Колдинг – изјави Лино Червар.

Лука Циндриќ, кој покажува одлични игри откако е дојден во Металург, се надоврза на тренерот.

– Брест е одличен тим и ќе се обиде во Скопје да извојува уште една победа и да го завери пласманот на завршниот турнир од ова натпрварување. Ние, секако, сакаме да се реваншираме за поразот во Брест. Ќе биде одличен натпревар. И покрај сите проблеми со повредени играчи ќе дадеме сѐ од себе да  победиме и да се простиме со домашните навивачи во ова натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top