Публикацијата на извештајот уследи како реакција на веста дека идната година во Шкотска ќе се одржи референдум со прашањето, „Треба ли Шкотска да биде независна држава?”. Инаку, Шкотска и пристапила на Велика Британија во 1707 година.
Премиерот на регионот и лидер на Шкотската национална партија Алекс Салмонд тврди дека само независноста од Лондон ќе им овозможи на Шкотланѓаните да одржуваат поволниа за нив даночна, антимонополна и имиграциска политика.
Во борба за оние кои се уште не се определиле како да гласаат, Лондон прибегне кон решителни мерки, објавени материјали од внатрешна независна експертиза за да укаже што ќе се случи доколку излезе Шкотска. Објавена е анализа за можните меѓународни правни последици од отцепувањето. Во неа експертите по меѓународно право на универзитетите во Кембриџ и Едимбург, Џејмс Кроуфорд и Ален Бојл како пример зошто не треба да дојде до тоа го по посочуваат распадот на Советскиот сојуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



